Ќе се градат ветерници во околината на Штип

Bez autora
Dec 20 2010

Корејците дефинитивно вложуваат во штипскиот ветер. 140 милиони евра ќе тежи нивната инвестиција. Во вторник и официјално се формира конзорциум, во кој влегуваат најголемиот концерн за производство на електрична енергија во Јужна Кореја КОСЕП, компанијата „Samsung heavy industries“ и Шпанците од „Инвал Македонија“. Предвидено е изградбата да започне во август наредната година, а првите турбини ќе бидат инсталирани 2012. година. Предвидени се 40 локации со турбини со моќност од 2,5 мегавати секоја. Според проектот за почеток во околината на Штип ќе се градат четири паркови со ветерници. Според договорот, „Самсунг“ ќе ја инсталира опремата, а откако ќе започне производството на струја ќе стопанисуваат од КОСЕП.

Ќе се градат ветерници во околината на ШтипКорејците дефинитивно вложуваат во штипскиот ветер. 140 милиони евра ќе тежи нивната инвестиција. Во вторник и официјално се формира конзорциум, во кој влегуваат најголемиот концерн за производство на електрична енергија во Јужна Кореја КОСЕП, компанијата „Samsung heavy industries“ и Шпанците од „Инвал Македонија“.

„Предвидено е изградбата да започне во август наредната година, а првите турбини ќе бидат инсталирани 2012. година.

-Предвидени се 40 локации со турбини со моќност од 2,5 мегавати секоја“, вели Таијон Чо, главен менаџер за маркетинг и продажба во „Samsung heavy industries“.

Според проектот за почеток во околината на Штип ќе се градат четири паркови со ветерници. Според договорот, „Самсунг“ ќе ја инсталира опремата, а откако ќе започне производството на струја ќе стопанисуваат од КОСЕП.

Додека, Шпанците преку нивната фирма ќерка веќе три и пол години работат во Македонија на средување на документацијата за старт на изградбата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik